06 Декември, 2024
0.0267

НЛБ Банка воведува Garmin Pay Модерно решение за бесконтактно плаќање, создадено за луѓе кои се секогаш во движење

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Од денеска во НЛБ Банка станува достапна услугата Garmin Pay, иновативно и модерно решение за бесконтактно плаќање само со паметен часовник, создадено за луѓе со активен животен стил кои се секогаш во движење. Со Garmin Pay, тие повеќе не треба да носат готовина, картички или мобилен телефон. Сега може да ги дигитализираат сите НЛБ дебитни и кредитни картички во Garmin Pay на нивниот Garmin часовник и да плаќаат брзо, лесно и сигурно, насекаде во светот, со едноставно допирање на часовникот на кој било терминал кој прифаќа бесконтактно плаќање.

Garmin Pay претставува дигитален паричник овозможен на паметен часовник од производителот Garmin. За да ја користат услугатаGarmin Pay, клиентите треба да поседуваат Garmin смарт часовник, а за да може да ја преземат апликацијата Garmin Connect, достапна на Play Store и App Store,би требало да поседуваат оперативен систем Android над 7.0 или iOS над 5.0.

Процесот на дигитализирање на картичките е брз и едноставен. По инсталирање на апликацијата, клиентот треба да ја избере опцијата Garmin Pay за да се поврзе со паметниот часовник Garmin. Потоа со само неколку чекори: внесување на картичните податоци, креирање четири цифрен ПИН за плаќање, како и внесување на ОТП код добиен по СМС порака на телефонскиот број на корисникот, часовникот е подготвен за плаќање.

Воведувањето на Garmin Pay е чекорповеќе кон дигитална трансформација на нашите банкарски услуги. Во светот на плаќањата кој станува сè подигитален, Garmin Pay е уште една во низата иновативни банкарски услуги кои ги нудиме, одговарајќи на потребите на нашите клиенти кои бараат повеќе флексибилност, мобилност и сигурност во нивните финансиски трансакции. – истакнуваат од НЛБ Банка.

Garmin Pay е целосно бесплатна платформа. Корисникот нема трошоци за преземање на апликацијата, нема трошоци за додавање до 10 картички, и нема провизија при плаќање.Повеќе информации за услугата може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на ЛИНКОТ на веб страницата на Банката.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

„Соба на бајките“ - Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника - Скопје

„Соба на бајките“ - Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника - Скопје

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР започна серијал на едукативни работилници за градење вештини за жени претприемачи

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР започна серијал на едукативни работилници за градење вештини за жени претприемачи

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје слави десет години успех и иновации

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје слави десет години успех и иновации

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“: Иднината започнува сега!

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“: Иднината започнува сега!