20 Декември, 2025
0.0357

НЛБ ЛИЗИНГ – најдобра лизинг компанија за 2013

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2013 18:53

Добивај вести на Viber

Првата македонска лизинг компанија NLB Лизинг минатата недела се закити со престижната награда која ја доделуваат издавачите на Acquisition International Magazine од Велика Британија за најдобра лизинг компанија за 2013 година на нашиот пазар. Acquisition International е месечен магазин публикуван од издавачката куќа AI Global Media Ltd, кој ги следи вестите од светот на финансиите, инвестициите, осигурувањето и брокерството. Награда за Финансии се доделува за исклучителни достигнувања на поединци и компании во рамките на финансискиот сектор, опфаќајќи сè, од осигурителни брокери и специјалисти за ИТ услуги до советници за теми како движењето на акциите до обновливите извори на енергија. АИ наградите за финансии го идентификуваат и го наградуваат успехот, иновациите и етиката низ меѓународните бизнис заедници. Наградите се доделуваат само врз основа на заслугите и се доделуваат за истакнување на оние кои се најзаслужни за извонредна работа во текот на последните 12 месеци. „Добивањето на ова признание претставува вистинска чест за нашата компанија. Со неа се потврдува нашата успешна долгогодишна работа на македонскиот пазар. Таа не обврзува и понатаму и покрај сложеноста на пазарот и тешкотиите со кои сме соочени, да продолжиме да работиме со истото темпо во корист на нашите клиенти”, посочуваат од  NLB Лизинг. Победниците се гласаат по 3 фактори. Првиот фактор е бројот на добиени гласови од страна на 53.000 преплатници на Acquisition International Magazine заедно со 55.000 професионалци за финансии. Вториот фактор е интерното истражување кое го спроведува самиот магазин, а третиот и последен фактор е барање на дополнителни документи од номинираните со кои сметаат дека би ја зацврстиле својата номинација. Годинава беа доделени 600 награди на индивидуалци и компании во финансискиот сектор од 60 држави.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии