29 Септември, 2024
0.0261

НЛБ Нов пензиски фонд одбележа 10 години постоење

Објавено во: Економија 15 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје прославува 10 години постоење. Системот на капитално финансирано пензиско осигурување во изминативе 10 години се развиваше стабилно во рамките кои се трасирани со пензиската реформа. Како директни учесници во системот, изградивме внатрешни капацитети  за соочување со сопствените надлежности и одговорности и заедно со останатите институции обезбедивме унапредување и развој на истиот.

nlb 1

Работењето на Друштвото во изминатите 10 години беше прилагодено на економските случувања во земјата и пошироко. Добивката од инвестирањето на средствата на задолжителниот пензиски фонд со кој управува НЛБ Нов пензиски фонд е повеќе од 65 милиони eвра, а добивката од инвестирањето на средствата на доброволниот пензиски фонд НЛБ Пензија плус е поголема од 760 илјади.eвра. Заклучно со 30.4.2015 членството во задолжителниот пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд  достигна *182.255 члена, нето средствата растат со задоволителна динамика и на крајот на април изнесуваат околу 273 милиони евра.

nlb

Доброволниот пензиски фонд има 7.904 членови преку професионални и индивидуални сметки и акумулација на нето средства од над 4,5 милиони евра.

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и понатаму ќе се стреми кон исполнување на своите приоритети: остварување на позитивен финансиски резултат, контрола на трошоците, зголемување на капиталот и обезбедување на законски минимален износ на капитал од сопствени извори, зголемување на бројот на членството во двата фонда, пораст на средствата во фондовите, како и задржување на стабилноста и сигурноста на Друштвото и Фондовите.

nlb 2

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија