05 Мај, 2024
0.0245

„НОКАУТ“ ја стартуваа јубилејната турнеја со настап во Станица 26

Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Само неколку стотици фанови, пријатели и новинари ја имаа привилегијата да присуствуваат на интимниот целовечерен концерт на НОКАУТ во Станица 26, со кој и официјално групата го означи стартот на турнејата низ Македонија во чест на 20-от роденден на бендот. Можеби поминаа две децении, но НОКАУТ се уште свучат свежо и актуелно, барем таков беше впечатокот на оние кои беа дел од публиката во познатиот клуб во Скопје.

Поддршка на сцената добија и од долгогодишниот пријател и соработник, Игор Џамбазов, кој настапи заедно со Гуру Харе. Енергични, уиграни, расположени и компактни, НОКАУТ уште еднаш покажаа зошто важат за бенд кој 20 години промовира квалитетна македонска музика и е популарен кај сите генерации.

Истата вечер, на концертот му претходеше средба со новинарите, на која освен стартот на турнејата беше промовиран и новиот веб сајт nokaut.mk, кој има и своја англиска верзија, а во план е да биде преведен и на шпански. Ако на последниот концерт во Борис Трајковски, НОКАУТ ја испочитуваа публиката со тоа што токму неа ја прогласија за единствениот гостин на вечерта, овој пат одлучија повторно фановите да бидат во центарот на вниманието. Имено, честа да ја отвори дружбата со новинарите и ја препуштија на еден од своите најверни фанови, Мартина, која речиси и да нема пропуштено нивни настап во Скопје. Обраќајќи им се на новинарите и секако на бендот, Мартина многу искрено и со силни емоции го пренесе чувството што значи тоа да се биде фан на НОКАУТ. Следна на сцената се качи Весна Петрушевска, претставувајќи се себеси како “најстариот” фан на Нокаут, кои ги следи и почитува уште од самиот почеток.

 Во, само за неа препознатлив стил, Весна искрено и со многу емоции ја пренесе својата љубов и почит кон бендот, посакувајќи им уште многу успешни креативни години. На медиумите им се обрати и фронтменот на НОКАУТ, Никола Перевски-Пере заблагодарувајќи им се на сите кои случајно или намерно станале дел од нокаутовската приказна. Кажа збор-два и за новиот онлајн дом на НОКАУТ, веб сајтот nokaut.mk креиран од маркетинг агенцијата Sign Up. “Драго ни е што и после 20 години се шт го привлекуваме вашето внимание.

А, не би биле тука исиве овие години доколку не беа нашите фанови, нашите најблиски, соработниците и секако медиумите кои секогаш наоѓаат простор за нас”, потенцираше Пере. Јубилејната турнеја, на која на НОКАУТ специјални гости ќе им бидат Игор Џамбазов и Гуру Харе, ќе ги опфати повеќето поголеми градови низ Македонија, а како најмагични сцени ги издвојуваат Амфитеатарот во Охрид и Хераклеа во Битола.


На паузите помеѓу концертите, НОКАУТ активно ќе работат на новиот, четврти по ред албум, на кој бендот ја обнови соработката со екипата од првиот албум, Дарко Димитров и Александар Ристовски Принц, а најавена е и песна со Гуру Харе. Она што фановите и сите љубители на македонска авторска музика можат да го очекуваат е едно музичко пакетче од емоции, страст, љубов, животни приказни прераскажани преку различни ритмови и хармонии. 


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ