НОЌНА АКЦИЈА НА МВР: Приведени 13 лица, од кои шестмина малолетници
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2025 18:39
Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од СВР Скопје синоќа и денеска во периодот од 19.00 до 02.30 часот на подрачје на Центар извршија акциска контрола во угостителски објекти во координација и соработка со Државниот пазарен инспекторат.
Акцијата опфатила проверки во 12 локали. Во неа, полицијата привела вкупно 13 лица: четворица поради кривични дела и деветмина поради други основи, од кои шестмина биле малолетни.
Против четирите лица кои биле лишени од слобода, ќе бидат поднесени кривични пријави за дела предвидени во член 215 став 3 и член 236 став 1 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, како и овозможување употреба на наркотични средства.
Биле регистрирани и прекршувања на неколку закони, меѓу кои Законот за лична карта, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила и Законот за оружје.
Во текот на контролата биле извршени 26 проверки на идентитети, 23 прегледи на лица и 11 прегледи на возила. Седум возила биле отстранети од сообраќај со помош на специјално возило „Пајак“.
Паралелно со ова, припадниците на Единицата за недозволена трговија презеле оперативни активности при што 2 лица биле приведени заради утврдување на идентитет, а дополнително биле легитимирани уште 22 лица. Извршени се прегледи кај 19 лица и 8 возила.
МВР најави дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и спречување на криминалните активности.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




