Норвешка лежи на нафта, откриени резерви во вредност од 30 милјарди долари
Објавено во: Свет 05 Март, 2013 10:15
Резерви на нафта и гас во вредност од 30 милијарди евра се отркиени на територија, отстапена во 2010 година од Москва на Осло, покажува официјално истражување, објави сајтот „BarentsObserver“.
Новите резерви се откриени во југоисточното Баренцово Море по испитување на територија од 44.000 квадратни метри, се наведува во извештај на Норвешката нафтена агенција.
Тие се проценуваат на 1,9 милијарди барели. Од нив 85 проценти се природен гас, а останатото нафта. Со овие резерви Норвешка располага со најмалку 7,9 милијарди барели неразрабоени резерви. „Ова е голема вест за Норвешка. Овие нови резерви претставуваат голема вредност за норвешкото општество“, изјави Ула Буртен Муе, министер за нафта и енергетика.Производството на нафта во земјата бележи пад 13-та година по ред, што е половина од максимумот постигнат во 2000 година, наведува агенцијата „Блумберг“.
Над 175.000 квадратни километри во југоисточниот дел на Баренцово Море беа дадени на Норвешка од Русија во 2010 година по спор, што траеше повеќе од четири децении.
Прво СССР, а потоа и Русија настојуваа за поделба на спорната територија со „средна линија“ по нулта меридијанот, кој минува низ Северниот пол. Норвешка настојуваше за поделба по сектори со кота на бреговите на Шпицберген. Конечно земјите земаа по 50 проценти од спорната зона.
Ова е „царски дар“, слично на продажбата на Алјаска во 1867 година од рускиот император Александар II за 7,2 милиони долари на САД, коментира весникот „Новие известија
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




