Норвешка, меката на социјализмот во Европа?
Објавено во: Анализа 19 Февруари, 2013 08:55
За Норвешка сите велат дека е социјалистичка држава која носи капиталистички костум. За жал не сме имале можност да одиме таму и не знаеме како точно изгледаат работите таму, но факт е дека социјал-демократските идеи во вистинската смисла на зборот имаат фатено и те како корен во Норвешка. Луѓето учат од нивните искуства, а искуството на Норвешка во минатото вели дека оваа земја има излезено од еден суров капиталистички систем и од еден тежок ескплататорски либерален капитализам. Токму поради ова после втората светска војна се создава еден сосема нов начин на фукционирање на земјата, па така денеска земјата котролира 1/3 од котираните компании на берзата меѓу кои гиганти како Теленор, гигантот Статоил, Норск Хидро и најголемата банка во земјата. Сите наброени фирми генрираат огромен профит и се пример дека доколку има правилна свест и државата може да менаџира големи компании без поголеми проблеми. И притоа во изминативе 13 години државни обврзници на Норвешка на инвеститорите просечно им носеле преку 6% принос. Сега носат многу малку со оглед на тоа дека Норвешка е една од државите кои се најсигурните во Европа.
Но пред да ја прогласиме оваа земја за социјалистички рај, моравме уште малку да го продолжиме истражувањето и дојдовме до интересни податоци.
Даночниот систем на Норвешка сепак не е до тој степен дизајниран да им ги зема парите само на богатите. Напротив според статистики на ОЕЦД во голем број на држави најбогатите 10% од населението плаќаат пвеќе даноци. Интересно дури и во САД земјата во која се води огромна дебата на оваа тема богатите плаќаат повеќе од примерот за оваа проблематика – Норвешка.
Исто така во повеќе Европски држави процентот на даночни приходи спореден со БДП е поголем од оној на Европа. И она најбитното по кое економистите ја мерат економијата, опфатот на државата во БДП постојано паѓа. Од повеќе од 51% во 1992 година на најниското ниво од 39% во 2008 година (значително помало од Франција на пример и многу блиску на она во САД).
Заклучокот од горните податоци е дека перцепцијата е некогаш далеку од реалноста. Не е целта само да се прогласиме за социјална држава. Не е целта само да се донесат закони за големи даноци условно речено против богатите. Очигледно е дека многу е битно како парите кои се собираат се троши и секако дали тој што ги троши има развиена совест за таа работа. Исто така факт е дека Норвешка успеала да направи одличен хибриден модел меѓутоа таа е многу повеќе капиталистичка земја, отколку социјалистичка, разликата се чини дека не е во процентите туку е во луѓето.
И во последниот дел од оваа анализа, да ја кажеме можеби најбитната работа. Норвешка има нафта и тоа многу нафта. Ако има кажете на Норвежаните дека се како Саудиска Арабија ќе ви се смеат, затоа што Норвешка по глава на жител произведува два пати повеќе од Саудиска Арабија. Нафтата беше многу добра за Норвешка. Во период од десет години Норвешка за 100% го зголеми приходот од нафта по глава на жител, од 6.200 на 13.500 долари. И за крај уште еден интересен факт, поради кој оваа земја ја нарекуваат Боно меѓу државите. Додека цел свет се угледува на нејзниот модел и на тоа како треба да се угледуваат останатите оваа земја ги има зголемено емисиите на CO2 за повеќе од 30% во период од 20 години, Американците како репер за загадувачи го зголемиле нивото за само 7%. Сето тоа благодарение на постојаното зголемување на нафтените капацитети.
Интересот е секогаш на прво место.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





