Носете маска онаму каде е задолжителна, полицијата за едно деноноќие казни 103 лица
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Јуни, 2021
Казнети се 103 лица за неносење маски.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 103 прекршоци.
Од неодамна е укината мерката за носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група, а останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.