НОТАРСКА КОМОРА: Тарифата не само што не го следеше трендот на пораст на платите, туку и е намалувана во 2010, 2016, 2019
Објавено во: Економија 01 Август, 2024 17:28
Од Нотарската комора велат дека трошоците растеле, а цената на нотарските услуги се намалувала.
Нотарите не се откажуваат од потребата за зголемување на цената на нотарските услуги. Од нотарската комора велат дека за новата одлука на министерот Игор Филков слушнале од медиумите и дека се подготвени за дебата во која ќе се соочат фактите за нотарската тарифа.
„Нотарската тарифа не само што не го следеше трендот на пораст на платите, животните трошоци, стапката на инфлација и вредноста на правната работа, туку напротив во овие 25 години, истата во континуитет е намалувана во 2010, 2016 и 2019 година. Влијание на измените на Нотарската тарифа има и фактот што од воведувањето на нотаријатот, донесени се низа закони со кои се зголемуваат обврските на нотарите, што само по себе повлекува нови вработувања во нотарските канцеларии, а Нотарската тарифа паралелно се намалува“, се наведува во реакцијата на Нотарската комора.
Министерот за правда Игор Филков, вчера соопшти дека иницирал повлекување на зголемувањето на нотарската награда. Тој посочи дека ваквата одлука била донесена од неговиот претходник на заминување, Кренар Лога, пред тој да ја напушти функцијата..Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




