Нов дигитален рендген апарат во Клиничката болница во Штип
Објавено во: Мои пари 15 Март, 2013 15:42
Во Клиничката болница во Штип е инсталиран нов дигитален рендген апарат, кој ќе биде пуштен во употреба наредната седмица.
- Новиот рендген апарат е веќе инсталиран и тој е целосно дигитален, а според мене најважно е што самиот го мери нивото на радијација, може да го снима пациентот во каква било положба, кое е големо олеснување за неподвижните пациенти или оние кои се снимаат по сообраќајните несреќи. Исто така ќе обезбеди и сериозна финансиска заштеда затоа што досега со аналогниот рендген се издаваа филмови кои чинеа од околу 800 денари, а со дигиталниот рендген тоа ќе чини пет или 10 денари и на тој начин ќе имаме сериозна здравствена заштеда, изјави денеска Министерот Никола Тодоров.
Тој рече дека во ренген одделението при Клиничка болница-Штип има големи и континуирани инвестиции во апарати и оти се создадени сите услови за пуштање на употреба на ангиографот. Тој целосно ќе биде пуштен во употреба во наредните 30 дена.
Тој додаде дека сериозна инвестиција за регионалниот центар на источна Македонија е и акцелераторот за кој треба да се изгради бункер. Најави дека тој апарат ќе биде пуштен во употреба за можните околу 200.000 пациенти од Источна Македонија за 30 дена или месец и половина.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





