Нов момент во партиското помирување: Ќе се скенираат навивачки групи, ЛГБТ, говор на омраза....
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2018 18:12
Има нов момент во политичко-партиското помирување, откако Работната група во Собранието составена од владини и независни пратеници утврди дека тоа ќе се проширува и на општествени пори кои не се директно под влијание на високата политика, однсоно нема да се однесува само за настаните од „27 април“.
Групата постојано ќе заседава и ќе идентификува други извори на конфликти кои произведуваат политички кризи, поделби, недоверба, конфликти...
Ќе бидат опфатени навивачките групи, подобрување на консензуалноста, третманот на ЛГБТ групата, монтирани политички процеси, говорот на омраза, скандалот со прислушкуваните материјали, соработка меѓу локалната и централната власт, колку е добар кривичниот законик итн.
„Произлегоа многу добри предлози кои сите во пратеничките групи ќе ги продискутираат. Она што е важно ги прецизиравме насоките кон кои ќе се движиме бидејќи е важна оваа политичка одлука. Сите сме за донесување на законско решение со кое ќе започне релаксација на односите во општеството без да се нарушат принципите на владеење на правото. Сметаме дека е потребно сите институции да го стават државниот интерес во дадениот момент, а ги повикуваме и медиумите позитивно да се вклучат во овој процес“, нагласи Зекир Рамчиловиќ, претседателот на Работната група за помирување.
Учествувале сите членови и утврдиле дека до 5 декември треба да излезат со предлог до Интерпарламентарното тело за реформи, интеграција и помирување.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




