20 Декември, 2025
0.0966

Нов мотив за младите креативци-и годинава награда од 200.000 денари за најдобро креативно решение

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2015 13:46

Добивај вести на Viber

Сите млади креативци кои сакаат да работат на конкретни проекти  и во следната година ќе добијат поддршка од Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“!   На првото Годишно собрание членовите и поддржувачите на креативноста едногласно одлучија и годинава да продолжат активностите и поврзувањето на креативните идеи со македонскиот бизнис сектор. И годинава наградата за најдоброто дизајнерско решение ќе биде во износ од 200.000 денари, а конкретниот проект ќе биде избран од пристигнатите предлози што ги доставуваат членовите на Движењето.

FOTO 2_Bravo sine

Основа идеја на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“! е да им даде можност на младите креативци од Република Македонија да работат на создавање нови автентични производи или нови изглед на веќе присутни производи на пазарот. На тој начин, нивниот креативен израз ќе добие конкретна примена, а производите ќе добијат нова додадена вредност и поголема конкурентност и позиција на домашниот и странските пазари.

На Годишното собрание на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ беа заокружени и активностите од првиот проект што се реализираше минатата година – проектот за брендирање на македонско слатко. Седумте видови слатко од вишна, малина, зелена смоква, јагода, портокал, дива капина и аронија на компанијата „Јоми фуд“ од Велес која беше избрана на јавен конкурс, добија нов автентичен изглед и специјално пакување.

За еден производ да биде добро прифатен на пазарот најважен е квалитетот, но за да биде добро позициониран и прифатен од потрошувачите еднаква важност има и неговиот изглед. Токму затоа оваа можност да добиеме нов модерен изглед за слатката што ги произведува нашата компанија е од огромно значење за наше подобро позиционирање на домашниот и странските пазари. Резултатите се веќе видливи“, истакна Зоран Аврамов,сопственик на Јоми фуд.

Стручната комисија составена од претставници на движењето и Skopje design week (SDW), го оценија дизајнерското решение на младите дизајнери Далибор Смилески и Мартин Стојмировски беше избрано за најдобро од пристигнатите решенија на јавниот конкурс.

Можноста да се работи на дизајн што ќе биде конкретно применет беше голем предизвик за мене и навистина сум горд што нашиот дизајн денес може да се види на полиците во маркетите“, изјави Мартин Стојмировски, еден од авторите на победничкото решение.

FOTO 3_Bravo sine

Предизвикот да учествуваме на овој конкурс го прифативме многу искрено и работевме посветено. Оваа награда беше големпоттик за нашиот натамошен професионален развој, особено што ни овозможи да инвестираме во дополнителна едукација“, додаде коавторотДалибор Смилески.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија - Иво Лауренчиќ. Голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион, дадоа поддршка на Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ во насока на исполнување на овие цели.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии