16 Мај, 2024
0.0318

За првпат на пазарот

Нов Нај Нај кеш-кредит со стабилна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал уште еднаш ја потврдува својата пионерска позиција во поставување на трендовите во банкарската индустрија во Македонија.

Од денес, Охридска банка Сосиете Женерал во своето кредитно портфолио го  воведува новиот НАЈ НАЈ кеш-кредит за физички лица, прв на пазарот според своите карактеристики, кој се одликува со стабилна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот.

Новиот НАЈ НАЈ кеш-кредит нуди три можности за фиксни каматни стапки, со различни промотивни каматни стапки за првите периоди на кредитот.

Во зависност од желбите и потребите на клиентите, на располагање им се три понуди, односно,

-  првата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 5,75 % за првите 12 месеци и фиксна каматна стапка од 8,45 % од 13. до 95. месец;

-  втората опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,10 % за првите 24 месеци и фиксна каматна стапка од 8,25 % од 25. до 95. месец; и

-  третата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,45 % за првите 48 месеци и фиксна каматна стапка од 7,75 % од 49. до 95. месец.

Каматните стапки се валидни со вклучување на кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85 % годишно од износот на кредитот.

-  Уште еднаш ги потврдуваме нашите намери за понуда на производи скроени да одговараат на потребите и можностите на граѓаните. Оваа понуда е резултат на длабинските истражувања кои ги спроведовме на пазарот и на нашите вештини да развиеме ваков вид производ. Со оваа уникатна понуда, клиентите уште од самиот почеток го знаат точниот износ на нивната месечна рата за целиот период на отплата и можат безгрижно да го планираат остварувањето на своите желби и потреби. Тоа е она што ја издвојува оваа понуда на пазарот и е дополнителен доказ за неопходната транспарентност за добивање на лојалноста на клиентите. Дополнително, на клиентите им е дадена можност да изберат една од трите опции која ним најмногу им одговара. Кон тоа ја додаваме и нашата грижа за клиентите во форма на кредитно животно осигурување, за нивна комплетна финансиска заштита за целото времетраење на кредитот. На овој начин, ние, Охридска банка Сосиете Женерал, го градиме тимскиот дух со нашите клиенти – изјави Стефан Туати, член на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Дополнително, сите нови клиенти, кои ќе ги рефинансираат своите долгови со НАЈ НАЈ кеш-кредитот во Охридска банка Сосиете Женерал, добиваат дополнителни придобивки, како:  без административен трошок и трошок за апликација, без трошок за дебитна картичка за првата година и без трошоци за услугите МОЈА БАНКА ‒  Мобилно банкарство, е-банкарство и СМС-известувања за период од 6 месеци.

По воведувањето на концептот ПЛАН ЗА СТАН со фиксна и гарантирана каматна стапка до 2030 г ., најновиот НАЈ НАЈ кеш-кредит е уште еден важен чекор за Охридска банка Сосиете Женерал во спроведувањето на нејзината мисија за понуда на производи со најтранспарентни услови за нејзините клиенти.

Повеќе информации за оваа понуда клиентите можат да најдат на веб-страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на Банката ширум земјата. 

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!