Нов пат за жителите на Градско
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2014 19:20
Со средства од Програмата за рурален развој ќе се доизгради локалниот пат од Браната Подлес до селото Подлес во општина Градско. Почетокот на градежните работи денеска ги означија заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски и градоначалникот на Општина Градско Жанета Чаушевска.
Доизградбата на патот во должина од 1.160 ќе ја изведува струмичката градежна фирма „Жикол“, а работите треба да бидат завршени за 90 дена. Изградбата на патот од браната Подлес до село Подлес е вреден девет милиони денари.
Во општина Градско преку оваа програма, која обезбедува 1,45 милијарди денари за 134 проекти во 73 општини, се финансираат два проекта.
Вториот проект за Општина Градско преку оваа програма, е урбанизација на Општината.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски истакна дека и овој втор проект е многу важен за жителите на оваа општина, бидејќи со него ќе се добие поголема вредност на имотите и иден развој на Општина Градско.
- Со овие два проекта кои преку оваа Програма за рурален развој ги доби Општина Градско со подршка на Владата преку ресорното Министерство, во многу ќе се придонесе за подобрување на животот на населението во реонот на Општина Градско, а ние како Министерство и понатаму преку оваа програма ќе помагаме за вакви и слични проекти, рече Коњановски.
Тој додаде дека преку оваа Програма за рурален развој, дел од средствата се користат за набавка на механизација, стока и друга опрема, а за кои 50 отсто од сумата се враќаат на земјоделците, еден дел се за изградба на патната инфраструктура, а третиот дел за изградба на системи за наводнување, кои се многу важни за равој на земјоделството во земјава.
Градоначалничката Чаушевска потенцира дека доизградбата на патот од брана Подлес до село Подлес е многу значајно за општина Градско.
- Овој проект е многу важен не само затоа што жителите од Подлес ќе се поврзат со подобар пат, туку им се помага за непречен проток на стоки и услуги, како и добивање здраствените услуги. Воедно на жителите од ова подпланинско село Подлес каде во зима има и поголеми наноси од снег, а кои главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и пчеларство со доизградбата на патот ќе им се овозможи и квалитетен транспорт на репроматеријали и готови стоки, рече Чаушевска.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





