Нов пораст на бројот на заболени од корона во Србија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 17 Август, 2021
И понатаму расте бројот на заболени од коронавирусот во Србија.
Денес има 1.484 нови случаи, а три лица починале. Бројот на заболени расте, ако се знае дека вчера беа регистрирани скоро 1.300 новозаболени. На респиратор се 26 пациенти, а хоспитализирани се 879 луѓе. Денеска се направени 13.695 тестови. Досега од вирусот во Србија починаа 7.177 луѓе. Од почетокот на пандемијата тестирани се 4.845.253 примероци, а вирусот е потврден кај 734.816 лица.
Оние кои не сакаат да се вакцинираат се одлучиле за вирусот, вели епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија Предраг Кон и додава дека е невозможно да се избега од вирусот. Тој вели дека вирусот преживеал на планетата, но „дека короната не е толку сериозна болест, без оглед на фактот дека имаме многу смртни случаи“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.