НОВ ПРЕДЛОГ: Се спомена „пробно членство“ за Балканот
Објавено во: Македонија, Балкан 24 Октомври, 2019 14:43
Холандски експерт предлага „пробно членство“ на Балканот во Европската Унија.
Тоа ќе значи дека земјата кандидат нема право на глас, но може да учествува на состаноците и самитите на Унијата.
Јан Маринус Виерсма од холандскиот Институт за меѓународни односи предлага воведување „пробно членство“ за земјите од Западен Балкан во ЕУ во траење од две години.
Виерсма вели дека треба да се воведе поинаков систем на надгледување на реформите во земјите кандидати во регионот.
„Ова може да ги охрабри земјите што се скептични во врска со новите членки, како што е Франција“, изјави Виерсма за порталот „Јуропијан вестерн балканс“, a пренесе агенцијата „Танјуг“.
Бара и повеќе инвестиции за овие земји.
Вели дека за повеќето граѓани на ЕУ е проблем Турција да стане членка на ЕУ и тоа е една од причините зошто не сакаат проширување.
Холанѓанецот додава дека во Брисел преовладува мислењето дека воведувањето нови членки, предводени од авторитарни режими, би ги нарушило односите во самата Унија.
Македонија не доби датум за почеток на преговори.
Европските пратеници жалат поради потегот на Франција, Данска и Холандија да ја блокираат одлуката и велат дека нашата земја и Албанија вложиле значајни напори во последните неколку години и ги исполниле критериумите на ЕУ за започнување на разговори за членство.
Од балканските политичари, српскиот претседател Алексанадр Вучиќ порача дека земјите од регионот не треба да ја молат ЕУ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција
Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“
Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира
Локални дождови ќе направат хаос на патиштата – подгответе се
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени





