05 Декември, 2025
0.0573

Нов претседател на КСС, стари проблеми на македонските синдикати!

Објавено во: Економија 11 Декември, 2012 19:16

Добивај вести на Viber

Закониите се добри но стојат само на хартија, минималната плата не соодветствува на стандардот на граѓаните, а синдикалните права се уште се на ниско ниво, остро критикува Питер Зајденек од Европската конфедерација на Синдикати. Тој посочи и дека невработеноста и сиромаштијата се главни проблеми во земјава, а синдикалните лидери лесно дозволуваат кратење на на работничките права. „Секако потребни се странски инвестиции, но оние што ќе инвестираат не смее да побараат работникот да потпише дека се откажува од членство или од иницијатива за формирање на синдикат“ изјави денеска  Питер Зајденек кој беше поканет како гостин на изборот за претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на Македонија. За нов претседател, со мнозинство гласови беше избрана Мирјана Андреска од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). „Ќе се обидеме преку социјалниот дијалог да се погрижиме за зачувување на работните места, за одржување или пораст на веќе утврдената минимална плата, како и задруги прашања во интерес на работниците“, посочи Андреска. Предизвик за неа исто така е и потпишувањето на новиот општ колективен договор за јавниот сектор кој е во завршна фаза. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој присуствуваше на конгресот, им порача на синдикалните лидери дека Владата ќе работи и понатаму на развој и унапредување на дијалогот со цел приближување кон европскиот социјален модел. Според него биле создадени предусловите за воспоставување, функционирање и јакнење на синдикатите, па затоа вели Министерот треба да ги охрабриме работниците за синдикално организирање.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата