05 Декември, 2025
0.0555

Нов проблем со увозот на брашно – најава за трговска војна меѓу Македонија и Србија?!

Објавено во: Агробизнис 23 Октомври, 2013 21:09

Добивај вести на Viber

Српските мелничари вчера побараа забрана за увоз на македонски производи бидејќи тешко извезуваат брашно во Македонија. Денеска македонските мелничари враќаат на реакцијата, сметаат дека ваквите барања немаат никаква основа. Според мелничарите од земјава, увозот и на брашно и на пченица тече нормално, а за посочија и дека контролните маркици на брашното од македонска страна се воведени од 1 октомври, Србите ги имаат со години. Како што пишува српските медиуми, од Здружението на мелничари и пекари „Житoвојводина“ беше упатен е повик до владата на Србија под итно да го забрани увозот на земјоделски производи од Македонија. Тие остануваат на ставот дека извозот на брашно од Србија во Македонија,  е оневозможен. Со измените кои стапија месецов, секој оператор со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар секое пакување да го означи со контролна марка. Прописите велат дека контролните маркички треба да се видливи и читливи, а при отварање на пакувањето трајно се оштетуваат. Провлемот во тговските односи меѓу Македонија и Србија ескалираше летово, кога српското министерството за земјоделство побара од македонското да преземе мерки за отстранување на проблемот со извоз на брашно од Србија во Македонија. Од македонска страна на 2 септември беше укината уредбата  за ограничен увоз на пченица, а на 15 септември за брашно. Тогаш, сметаат аналитичарите, за влакно беше избегната трговска војна меѓу соседите, а Србија и покрај најавите отстапи од воведувањето забрана за увоз на македонски производи. Блокада од една недела, стави само Косово, но проблемите релативно брзо беа надминати.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?