Добивај вести на Viber
Скопски Пазар АД Скопје в среда ќе го отвори новиот проширен и комплетно реновиран продажен комплекс во населбата Чаир. Во рамките на комплексот, потрошувачите ќе можат да купуваат од новиот СП маркет, реновираниот зелен пазар и 13 други продажни локали со различни содржини.
Новиот СП маркет кој се простира на површина од над 700 квадратни метри ќе вработи 25 лица и ќе понуди асортиман од преку 10.000 производи од реномирани домашни и странски производители.
За олеснување и подобрување на работењето на зелениот пазар во Чаир, Скопски Пазар изврши адаптација и модернизација на просторот поставувајќи 58 современи тезги, комплетно реновирање на помошните простории и изградба на рампа за прием на производи.
Дополнително реконструираните локали во склоп на продажниот комплекс им овозможуваат на потрошувачите пристап до широк избор на производи и услуги, информираат од Скопски пазар.