29 Септември, 2024
0.0277

Нов рекорд на „Стопанска банка Скопје“: за три месеци профит од 10 милиони евра!  

Објавено во: Економија 17 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Според експертската јавност и еснафот овој подвиг е резултат на долгорочната стратегија за навремено и агресивно освојување на пазарот на кредитирање на население каде банката има најсилни позиции и одличен профит со ниски трошоци „Стопанска банка Скопје“ за три месеци има добивка од речиси 10 милиони евра, покажуваат податоците од најновиот биланс на успех што банката го објави на берзата, а се однесува за периодот јануари-март годинава. Со овој резултат „Стопанска банка Скопје“ убедливо е најпрофитабилната компанија, во конкуренција на 113 компании чии акции котираат на некој од сегментите на Официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност. Ова е досега најдобар резултат на најголемата македонска банка – гледано од аспект на кредитирање на население во Република Македонија. Вкупно 604,1 милиони денари е профитот на „Стопанска банка Скопје“ за првите три месеци годинава. Тоа е рекордно највисок квартален профит на оваа банка, која од 2000 година е дел од грчката банкарска групација,  остварен досега. Банката има финансиски квартален исход што за условите на нашиот кредитен пазар може да се оцени како фантастичен. За овој резултат кај еснафот на инвеститори во хартии од вредност во земјава преовладува мислење дека е резултат на долгорочната финансиска стратегија на таа банка за агресивно кредитирање и позиционирање кај граѓанскиот сектор – процес што го почнаа пред најмалку десет години и кој еве сега го достигнува својот зенит. Нето приходот од камати за првите три месеци 823,8 милиони денари што претставува 1,1 милиони евра (67,7 милиони денари) повеќе од истиот период лани. Овој резултат е остварен во услови кога приходот од камати бил понизок од лани за 160 милиони денари и изнесувал 1,14 милијарди денари. Најдобиот финансиски резултат на банката е резултат на ефикасна политика на кастрење на расходи заради тоа што најголемата добивка е постигната во услови кога банката има пониски од лани приходи од двете најважни дејности: приходи од камати и приходи оф провизии и надоместоци. Но ефикаснотот кратење на трошоците за вработени и за останати трошоци како и намалените резервации кои во споредба со лани беа преполовени го напаравија своето. И можеби и најважното, за првиот квартал годинава оваа банка има нула расход односно нема трошок за загуби заради оштетување на нефинансиски средства – нешто со кое другите банки се соочуваат. Овој финансиски резултат ја врати довербата и кај инвеститорите на берзата, макар и на краток рок особено по нивното разочарување заради тоа што нема дивиденда за лани. По објавата на финанскиот резултат за првиот квартал цената на таа акција на домашниот финансиски пазар порасна за 5,3 отсто.  Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија