НОВ РЕКОРД: Над 42 отсто од тестираните биле позитивни на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус
02 Ноември, 2020
Добивај вести на Viber
Во земјава за 24 часа имаме рекорден процент на позитивни од тестирани, дури 42,6 отсто.
Ова е највисок процент досега откако почна пандемијата.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-230, Куманово-35, Штип-13, Прилеп-65, Тетово-39, Струга-1, Велес-27, Битола-15, Охрид-3, Кавадарци-10, Гостивар-27, Гевгелија-13, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-15, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-6, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-1, Неготино-9.
За споредба, вчера Министерството за здравство информираше за направени 2.449 тестирања, и регистрирани нови 865 случаи.