28 Септември, 2024
0.0520

Нов рекорден профит на „Стопанска банка Скопје“! Колку добивка носи секоја акција?

Објавено во: Економија 02 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Нето добивката по акција е 128 денари, ова е рекордна годишна добивка на таа банка во историјата на тргување на таа акција на берзата. Денеска пазарот реагираше така што имaше најголем промет на тргување во период од два и пол месеци што укажува на расположението на инвеститорите

„Стопанска банка Скопје“ денеска објави нова највисока досега годишна добивка. Од работењето во 2016 година профитот на оваа голема банка е 36,3 милиони евра односно 2,24 милијарди денари на нето основа. Ова е најголема остварена добивка на таа банка во историјата на постоење на Македонската берза. 
Во споредба со добивката што беше остварена во 2015 година, која за себе беше рекордна со споредба со претходните, оваа банка оствари зголеме профит во износ од 322,9 милиони денари односно над 5 милиони евра.
Нето добивката по акција изнесува 128 денари.

Што покажуваат билансите?

„Стопанска банка Скопје“ продолжува да ги зголемува своите приходи од камати и да ги намалува своите расходи за камати. Паралелно со тоа банката одржува значајно високо ниво на приливи на нето основа и од провизии и надоместоци. На нето основа приходите од камати на банката се зголемени за 267 милиони денари до износ од 3,64 милијарди денари. Вкупните приходи од камати во 2016 година се 4,53 милијарди денари и се најголеми во споредба со сите други големи банки. Кај расходите од камати состојбата е следна: тие се за 241 милиони денари пониски од 2015 година и изнесуваат 889 милиони денари. Во 2015 година изнесувале 1,13 милијарди денари, а во 2016 година менаџментот на банката ги скратил за 21,4 отсто!!! Феноменален резултат што покажува дека кратењето на расходи за камати и понатаму е значаен генератор на приходи и уште поважно дека е значаен показател на тоа дека банките пливаат во пари штом можат да си дозволат во толкава мерка да ги кратат каматите на депозитите.

На страната на расходите најзначајно да се истакне е тоа што резервациите на банката се на ниво од 491 милиони денари и се за 19 милиони денари пониски од лани. Значајно е да се потенцира дека загубата заради оштетување на нефинансиски средства лани е за 100 отсто зголемена во однос на 2015 година. Имено лани износот е 154 милиони денари, а во 2015 година бил 77 милиони денари.

Кај билансот на состојба јасно се гледа дека банката силно форсира зголемено кредитирање и тоа достигнало 58,65 милијарди денари и во споредба со 2015 година е зголемено за 50 милиони евра односно за 3,1 милијарди денари. Депозитите пак лани достигнале ниво од 68,29 милијарди денари и во однос на 2015 година пораснале за 1,2 милијарди денари.

Како реагираше берзата на резултатите на банката?

Забележливо е дека денеска пазарот проактивно реагираше на објавените резултати на „Стопанска банка Скопје“ особено од аспект на остварениот промет. Прометот е 4,68 милиони денари и е најголем од 16 декември наваму. Да потсетиме дека поголем промет е остварен само кога беше објавена првата дивиденда што ја подели „Стопанска банка“ и тоа беше токму во декември лани. 

Овој факт покажува дека инвеститорите денеска покажаа дека има позитивни очекувања за развој на настаните околу „Стопанска банка Скопје“ односно дека се очекува дивиденда и дека заради тоа се вложува во таа акција. Денеска беа истргувани 5.112 обични акции (што е еден отсто од сите слободни акции). Ценовната маргина беше од 929 до 915 денари за акција, а просечната дневна цена е 915 денари за акција.  


Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија