05 Декември, 2025
0.0311

НОВ САЈТ-РЕВАКЦИНАЦИЈА. МК: Да се пријават граѓаните над 60 години за втората доза од АстраЗенека

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2021 14:21

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, откако и официјално ги соопшти препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките од 1.јуни, даде и детални појаснувања во однос на ревакцинацијата на граѓаните со вакцината на АстраЗенека, кои првата доза ја примија во сеседна Србија кон крајот на март.

-Иако со српскиот министер за здравство, Златибор Лончар разговаравме интензивно во однос на дел од вакцините кои се за ревакцина на нашите граѓани вакцинирани во Србија, за жал тие не може да ни ги извезе. Така што ние од денеска ќе активираме уште еден сајт кој ќе биде линк од сајтот vakcinacija.mk, ќе го носиме до revakcinacija.mk, кaj што ќе се пријават сите граѓани. Очекуваме околу 20 јуни да има најголема бројка за ревакцина со АстраЗенека, и согласно нашите критериуми може да обезбедиме една количина и согласно тоа да го направиме планот, истакна министерот Филипче.

Министерот посебно нагласи дека за ревакцина со АстѕраЗенека ќе може да се пријават само граѓаните над 60 години, помладите нема да бидат ревакцинирани со оваа вакцина тука. Прашан дали Македонија ги доби списоците од соседна Србија на вакцинирани граѓани, Филипче одговори дека тие се уште не се доставени, но за да едно лице биде евидентирано дека ја завршило вакцинацијата против Ковид-19, треба да се пријави кај матичниот лекар

-Списоците не ги добивме, иако неколкупати разговаравме со министерот Лончар. Може кој било граѓанин ревакциниран на кое било место да се пријави кај матичниот лекар и тој во податокот ќе стави дека граѓанинот е ревакциниран, изјави Филипче.

Истовремено потенцираше дека сертификатите за вакцинација што ги добиваат нашите граѓани во Србија се сосема валидни и QR-кодот ќе може да се скенира во македонскиот дигитален пасош. Апликацијата треба да биде во употреба овие денови.

А.Б.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“