Добивај вести на Viber
Поради последните мерките за штедење и кратења во во високото образование, повеќе од илјада вработени на факултетите заедно со студентите излегоа на протести во Атина. Причина е тоа што владата сака да прати на принуден одмор околу 40 проценти од администрацијата на универзитетите.
Се протестираше мирно низ улиците и центарот на Атина, а ректорите на многу факултети во Грција веќе цел месец одбиваат на ресорното министерството да го достават списокот вработени кои треба да одат на принуден одмор, или пак да се префрлат на други работни места. Ректорите во септември одлучија да затворат некои административни сектори на Универзитетите во знак на револт и за да ја притиснат владата да се откаже од мерките.
Според условите од меѓународните кредитори, до крајот на годината на принуден одмор треба да заминат 25 000 Грци, а да бидат отпуштени 4000 вработени во јавната администрација.