НОВ СОЈУЗ НА ВИДИК: Русија ќе и помоге на Грција да го отплати долгот?
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2015 11:08
Русија би можела да го отплати грчкиот долг од 240 милијарди евра кон кредиторите како ММФ и Европската централна банка, откако во Грција победата ја однесе левичарската партија Сириза, со Алексис Ципрас, големиот поддржувач на политиките на Москва, на чело.
Тие шпекулации ги поттикна рускиот министер за финансии Антон Силуанов, кој нагласи дека неговата земја е подготвена финансиски да и помогне на Атина.
-Доколку на било кој од нас му биде побарано да направи нешто во врска со долгот на Грција, ние секако тоа би го разгледале - нагласил Силуанов, пренесува германски Билд, кој потсетува дека таквите изјави не се изненадувачки откако Грција во четвртокот во Брисел на состанокот со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ одбила да ја поддржи резолуцијата за продолжување на санкциите на Москва.
-Треба да се има предвид дека рускиот претседател Владимир Путин меѓу првите му честиташе на Ципрас на неодамнешната победа. Исто така, тешко е да се поверува дека министерот Силуанов изјавувал било што пред да се консултира со претседателот Путин - наведува Билд.
[button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/01/30/varufakis-grtsija-nema-da-sorabotuva-so-eu-i-mmf/" target="blank" ]Варуфакис: Грција нема да соработува со ЕУ и ММФ[/button]
-Оваа платформа ни овозможува да ја добиеме довербата на грчкиот народ. Нашиот прв потег како влада нема да биде да ги отфрлиме причините за преиспитување на овој програм прифаќајки го неговото продолжение - порачал Варуфакис и нагласил дека официјална Атина планира спроведување на реформи кои економијата на Грција би ја направи кокукрентна и кои би допринеле на врамнотежување на буџетот.
Дајселблум од своја страна ја повика грчката влада да ги почитува условите на постоечкиот аранжман помеѓу Грција и еврозоната, апелирајќи да не превзема еднострани чекори бидејќи е важно да не го загрози напредокот кој Грција досега го остварила.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




