06 Октомври, 2024
0.0329

Нов судбински ден за Грција

Објавено во: Балкан, Економија 24 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Министрите за финансии од еврозоната ќе се соберат повторно вечерва во Брисел во обид да постигнат детален договор за буџетскиот план и реформите во Грција, неопходни за доделувањето на замрзнатите од минатото лето 7,2 милијарди евра од втората програма на Европската комисија, Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 2014 година, пренесоа светските агенции.

Многумина големи финансиери веќе предупредија дека за да се даде зелено светло за тоа финансирање е потребно претходно Атина и институциите (Европската комисија, Европската централна банка и ММФ) да ја завршат својата работа, имено - да утврдат и претстават деталите од презентираните во понеделникот грчки предлози во даночната сфера, пензиите и приватизацијата.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави по средбата на врвот на еврозоната во понеделникот дека "сите земји се цврсто решени да најдат решение". Според него "новите грчки предлози се чекор напред".

Туск прецизира дека грчкиот премиер Алексис Ципрас и кредитните институции (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) сега ќе работат заедно, па Еврогрупата да постигне резултати вечерва и тие да бидат претставени утре наутро на европската средба на врвот во Брисел, е посветена главно на мигрантите во Средоземното Море. Ако сè се развие според очекувањата, држави и влади од ЕУ ќе ги одобрат договорот веќе утврден од финансиските министри.

Влогот е не само да се обезбеди непосредно финансирање на Грција, но и земјата да се здобие барем со минимална финансиска транспарентност, како и да се дадат некои гаранции за реструктуирање на огромниот долг на земјата, за кои грчкиот премиер Алексис Ципрас цврсто инсистира.

Европскиот совет ќе продолжи и во петокот.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изрази уверување дека во наредните денови ќе биде постигнат договор. Искористувајќи ја фудбалската метафора, тој истакна дека Грција и нејзините кредитори не можат "да играат продолженија".

"Немаме време", посочи генералниот директор на ММФ Кристин Лагард синоќа по самитот на еврозоната.

"Убеден сум во можноста да постигнеме договор со Атина оваа недела по прашањето за долгот", изјави за Радио France Entere еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Московичи. Тој, сепак, истакна дека "останува уште работа по две прашања" - ДДВ и пензиските реформи.

Меѓу 27 и 30 јуни Алексис Ципрас треба да добие одобрение од грчкиот парламент по главните линии на договорот, кој може да се покаже како доста деликатна работа. Тоа е така, бидејќи предлозите на Грција претставуваат сериозен фискален шок - сфера во која радикалната левица СИРИЗА вети дека ќе се бори против драстичните штедење. Оваа фаза не може да биде прескокнета.

Германскиот парламент (Бундестагот), кој исто така треба да го одобри договорот, ќе се собере, само откако текстот биде изгласан од грчките пратеници. Таква е постапката и во други земји, како Финска. При секоја положба ќе биде многу тешко да се соберат пратениците пред 30 јуни. А во вторникот, 30 јуни, Грција треба да врати околу 1,5 милијарди евра долг кон ММФ, додека на истиот ден истекува нејзината програма за меѓународна помош.

Но, дури и различните самити и ратификации да излегуваат во јавноста беспрекорно, останува многу малку време, за да се соберат свежи пари за отплата на долгот кон ММФ. Затоа, според европски извор, можно е да интервенира ЕЦБ, која според него "може да направи многу, ако се обезбедат нејзините политички рамки". Но за тоа е апсолутно неопходно грчкиот парламент да гласал проектот за договор.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути