15 Декември, 2025
0.0459

НОВ УДАР ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА, ПОЗНАТ ПРОИЗВОДИТЕЛ ЈА ЗАТВОРА ФАБРИКАТА: Бара поевтина локација

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2023 21:14

Добивај вести на Viber

Францускиот производител на автоделови Valeo сака да затвори дел од својата фабрика во германскиот град Бад Нојштад во јули следната година.

Германскиот синдикат на металските работници наведува дека околу 300 производни работници ќе останат без работа, додека околу 200 работни места во истражување и развој ќе останат компанијата. Валео веќе ги извести своите 500 вработени за стечајот, пишува магазинот Феникс.

- Оваа вест е шок за сите нас - соопштија од работничкиот совет.

Синдикатот наведува дека затворањето на фабриката е сериозен удар за индустријата во Баварија.

– Компанијата сака во иднина производството на електромотори да го пресели на поевтина локација – велат од синдикатот.

Локалните медиуми, повикувајќи се на извори од компанијата, јавуваат дека во иднина производството ќе се одвива во фабрика во Полска.

Синдикатот не ја прифаќа одлуката

Синдикатот соопшти дека не сака да ја прифати одлуката на компанијата за затворање на фабриката.

- Засега не знаеме никакви детали, сепак, ќе направиме се што можеме да им помогнеме на вработените во оваа тешка ситуација - велат од синдикатот.

Веќе се започнати разговори со надлежните во градското собрание и окружната канцеларија.

- Заедно со политичарите успешно се изборивме во 2010 година да ја сместиме идната технологија за електромобилност во Бад Нојстајн. Без борба нема да ја прифатиме одлуката за стечај на фирмата - нагласува претставникот на синдикатот.

Намалени нарачките

Во септември 2014 година, Сименс ја отвори својата нова производна линија за електрични мотори за хибридни и електрични возила во Бад Нојштад. Фабриката сега му припаѓа на француски производител. Во моментов, тие развиваат и произведуваат електрични мотори за Daimler и Volvo на оваа локација.

Валео изјави дека нивниот број на нарачки се намалува.

Фото: EPA/MARTIN DIVISEK


Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност