НОВ УСЛОВ ОД СОФИЈА: Може преговори, но само со правни гаранции
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2020
Бугарија ќе дозволи почеток на преговори за Македонија, но доколку добие правни гаранции.
Софија инсистира на три клучни услови, кои бара да бидат вметнати во преговарачката рамка.
*придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година, потврдена и со Договорот за пријателство и добрососедство;
*утврдување план (патоказ) за спроведување на Договорот од 2017 година и
*многу јасен и прецизен текст дека нема да има претензии за македонско малцинство во Бугарија".
Сетот услови и позициите денеска во бугарскиот парламент ги образложуваа вицепремиерот Красимир Каракачанов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.
Тие сметаат дека треба да се подготви протокол кон Договорот за добрососедство, кој ќе им даде правни гаранции на Софија.
Поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ ја оцени како скандалозна одлуката на Бугарија и додаде дека тоа може да има последици по целиот регион. Дел од интелекуталците во Бугарија ја осудија блокадата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.