НОВ ВЛАЖЕН БРАН ОД УТРЕ, ЌЕ ДОНЕСЕ И СНЕГ И ДОЖД - еве какво ќе биде времето следниве денови
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2025 07:06
Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица. Од утре, вторник 11 февруари не очекуваат и нови врнежи, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
- Од вторник попладне, па во деновите потоа ќе има локални врнежи, кои ќе бидат претежно од снег и повеќе застапени во западните и во југозападните предели од нашата Македонија. Во овие предели, во дел од градовите ќе се формира помала снежна покривка, а на планините, секако и Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми - укажува Попоски.
Сето ова ќе биде проследено, со слаб до умерен, повремено умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
Во Скопје и околината ќе има слично време, од вторник па во деновите потоа ќе има услови за повремени послаби врнежи од дожд и од снег, или од појава на повремен послаб влажен снег. Повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.
- Што се однесува до температурите, тие наутро и понатаму на повеќе места ќе бидат негативни, односно под нулата, додека максималните дневни ќе бидат уште пониски за разлика од сегашните и на повеќе места ќе се искачуваат само за некој степен над нулата, а на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри тие ќе бидат до околу, па и под нулата - укажува Попоски.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




