НОВА АФЕРА: „Рајските документи“ открија кој се од елитите не плаќал данок
Објавено во: Финансии 05 Ноември, 2017 21:09
Околу 13,4 милиони документи, кои го претставуваат богатството на светските елити и начините на кои се криеле парите, беа објавени денеска од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари и нивните партнери, весниците „Њујорк тајмс“, „Зидојче цајтунг“, „Гардијан“ и британскиот јавен радиодифузер „Би-би-си“.
„Документите од рајот“ (Paradise Papers) покриваат 70-годишен период, а подготовката на податоците во нив за презентирање пред јавноста цела година работеле 380 новинари.
Материјалите се добиени од двајца регистратори на офшор-фирми во 19 т.н. „даночни раеви“.
Тие откриваат врски помеѓу Русија и американскиот претседател Доналд Трамп, тајни зделки на најблиските соработници на канадскиот премиер Џастин Трудо, на кралицата Елизабета, музичарот Боно и стотици познати граѓани на светот со мултимилионски и билионски сметки, од коишто 120 се политичари.
Протечените документи покажуваатт како офшор финансискиот систем им помага на богатите компании како Nike, Aplle и UBEr сокриваат данок преку неверојатно имагинативни сметководствени маневри, но и како државни институции од Русија инвестирале во Фејсбук и Твитер преку фондови блиски до зетот на Доналд Трамп и негов советник.
Од „Документите од рајот“ се дознава и дека „Фејсбук“ и „Твитер“ примиле стотици милиони долари од руски финансиски институции.
Документите разоткриваат и како светските гиганти како „Епл“ и „Најки“ избегнувале плаќање даноци.
Кои се имиња се опфатени со аферата можете да прочитате овде.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





