03 Декември, 2024
0.0356

Нова агро-инвестиција во Битола

Објавено во: Агробизнис 21 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски  денеска присуствуваше на промоцијата на нова агро-инвестиција, ладилник за складирање овошни производи, сопственост на приватната компанија „Голем Извор“ од Битола. Коњановски истакна дека извозот на македонски земјоделски призводи расте, и од некогашните 242 милиони евра, сега надмина половина милијарда евра, факт, кој, како што истакна, укажува на потребата да се инвестира во објекти за прифаѓање на земјоделското производство. - Станува збор за гринфилд инвестиција, вредна околу еден милион евра која е од исклучителна важност за земјоделството кое поттикнато со владините мерки и субвенции е се поголемо. Ако го споредиме земјоделското производство од 2006 година кога имавме извоз на земјоделски производи во износ од 242 милиони евра, а сега има извоз на земјоделски производи од Република Македонија поголем од половина милијарда евра, тоа значи дека дојде времето кога треба да се инвестира во објекти каде што ќе се прифати земјоделското производство, посочи Коњановски. Ладилникот за складирање овошни производи е со капацитет од 1.000 тона, инвестиција од еден милион евра на семејството Момирчевски мотивирана од слични примери и инвестиции во Холандија. Во фазата на изградба на објектот инвеститорите добиле поддршка од општина Битола.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.