Нова авиолинија од „Александар Велики“ – Ќе се лета директно Скопје – Прага
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2016
Граѓаните отсега ќе имаат можност за директен лет на релација Скопје-Прага.
Новата редовна авиолинија ја воведува авиокомпанијата „Чех ерлајнс“ и истата се промовира денеска.
Почнувајќи од мај, за три пати неделно за билет во еден правец од 5.039 денари (85 евра) и повратен од 9.725 денари (159 евра) со вклучени такси ќе може да ја посетите Чешката метропола.
Летови од Скопје до Прага ќе има во понеделник, среда и петок, додека од Прага до Скопје ќе се лета во вторник и недела.
Потписници на соработката се генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски и Јан Тот, директор за комерција, врски и маркетинг во Чех ерлајнс заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Надлежните се оптимисти и очекуваат прилив на чешки туристи , како и зголемување на карго превозот.