08 Декември, 2024
0.0324

Нова фабрика предводена од поранешен градоначалник на Неготино ќе добива државна помош

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

ТТ Кабели, компанијата за производство на нисконапонски кабли, управувана од поранешниот градоначалник на Неготино, Тони Делков, доби државна помош за изградбата на новата фабрика „Кабекс Каблес“, инвестиција што доаѓа од БИХ.

За изградбата на новата фабрика во Неготино овој инвеститор за прв пат од државата во текот на крајот на септември добил првична помош од околу 185.000 евра. Интересно е тоа што оваа фабрика ќе биде управувана од претходниот градоначалник на Неготино, Тони Делков.

- Јас во оваа компанија сум директор од 2015. Значи пред да го добијам мандатот за градоначалник и се вратив во меѓувреме на старата позиција. За ова што прашувате е државна помош, но е добиена на основа на најавена инвестиција. Фабриката е во индустрискиот комплекс на ИГМ и инсталациите се довршуваат. Покрај тоа, за да ја добиеме таа помош треба да се исполнуваат и други услови - да се зголемува бројот на вработени и да не се намалуваат остварените приходи, ни изјави Делков.

Инвестицијата што годинава ја најави босанската групација ТТ Кабели, која ќе биде лоцирана во новата индустриска зона, во индустрискиот парк на компанијата ИГМ, во близина на стариот автопат Неготино – Скопје, треба да изнесува 20 милиони евра.

-Новата фабрика ќе се простира на 20.000 метри квадратни во Неготино, и ќе биде дел од ТТ Кабели групацијата, која има повеќе од 400 вработени, а производите ги продава во повеќе од 50 земји ширум светот. Фабриката во Неготино ќе се вика Кабекс Каблес – ТТ Кабели Македонија, објави тогаш инвеститорот, а меѓудругото наведе и дека се работело една година на проектот. Оваа инвестиција, според најавата треба да отвори 90 нови работни места, но и бизнис можности за стотици локални доставувачи.

Додаваат дека фабриката ќе биде опремена со најсовремени машини и линии за производство, и максимално ќе се почитуваат безбедносните и еколошките прописи.

„Инвестицијата во нова фабрика во Северна Македонија и обезбедува на нашата групација нов опсег на кабли за сигнал, контрола и инструменти, како и проширување на постоечките капацитети за нашата продажна мрежа. Новата фабрика има капацитет од приближно 30.000 тони кабли низ 30 производни линии. Оваа инвестиција ќе создаде 90 нови висококвалитетни работни места и деловни можности за приближно 100 локални добавувачи, поттикнувајќи го економскиот развој не само во Северна Македонија, туку и во целиот регион“,гласи најавата на инвеститорот.

Од Владата потврдија дека ТТ Кабели веќе добива државна помош, а дека договорот бил потпишан на почетокот на оваа година, а исплатата е за инвестиција реализирана во 2023.

„Ве информираме дека компанијата потпишала договор за државна помош со Влада во февруари 2024 година. Согласно тој договор, компанијата има право да поднесува годишни барања за исплата на инвестициите кои ги реализирала во претходната година. Првото такво барање за исплата било доставено до Владата некаде во месец јуни годинава, за инвестициите направени во 2023 година.

Владата по прегледување на тоа барање, заедно со целата придружна документација во која ТТ Кабели ја докажува реализираната инвестиција е побарана исплата за направената инвестиција“, објаснуваат од Владата.

Кабекс Каблес е во сопственост на Дарко Томиќ од Широки Бријег, а Делков е управител на македонската компанија, која официјално е основана во 2016. Приходот во 2023 бил 8 милиони евра, а добивката изнесувала околу 675.000 евра.

Тони Делков во 2017 победи на локалните избори во Неготино. Поранешниот долгогодишен секретар на СДСМ Неготино по еден мандат загуби од Горан Стојанов.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат