Нова мерка: Влез во Словенија само со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2020
За влез во Словенија на државјани од трети земји, меѓу нив и на Северна Македонија, ќе биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, објави словенечката Амбасада во земјава.
-Тестот треба да биде направен во референтни лаборатории во
државите, а во Северна Македонија тоа е Институтот за јавно здравје во
Скопје, наведува Амбасадата.
Во соопштението на Амбасадата, објавено на Фејсбук, се додава дека важи и исклучокот без тест и карантин за влез во земјата, само со цел одржување контакт со потесни членови на семејството, а лицето се враќа во рок од 72 часа, како и за преминување на границата на деца под 14 години само доколку патуваат со потесен член на семејство кој приложил негативен тест.
Одлуката на словенечката Влада за влез на македонски државјани во
државата стапува во сила од денеска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.