07 Октомври, 2024
0.0369

Нова надеж со новиот Совет за реформи во правосудството

Објавено во: Македонија 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Владата го комплетираше и екипираше новиот Совет за спроведување на реформи во правосудството кој ќе го води лично премиерот Зоран Заев и во него за среќа нема место за досегашните кадри од судовите, обвинителствата и советите за кои јавноста имаше негативна перцепција и за кои се сомневаше дека се едни од главните виновници за актуелните состојби во правосудството кое се карактеризира со делумно селективна правда, бавни процеси, несоодветни казни и несоодветно водени постапки и обвиненија.

Во новиот совет има доста звучни имиња како на пример специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, а ги нема Јово Вангеловски како претседател на Врховниот суд, Зоран Караџовски претседателот на Судскиот совет и претседателот на Советот на јавни обвнители Коле Штерјов.

Новото советодавно тело ќе има клучна улога во креирање на законската легислатива која го уредува правосудството, ќе треба да даде идеални решенија за надминување на зависноста на дел од судовите и судиите, на слабостите во јавните обвинителства кои не се занимаваат со предмети на корупција во високите редови на власта, како и за грешните политики кои создадоа бесправна држава. 

Премиерот Заев ќе ги има на располагање и советите на правните експерти од најдобрите универзитети во државата како Гордана Лажетиќ, професорка на Правниот факултет во Скопје, Беса Арифи, вонреден професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, потоа адвокатите  Звонко Давидовиќ од Скопје и Ибраим Бајрами од Тетово и претседателот на Здружението на судии Џемаили Саити, Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд, Лидија Димчевска од Апелациониот суд во Скопје, Шефајет Хајдари од Апелациониот суд во Гостивар, Антонио Јолевски од Основното јавно обвинителство во Битола, Ристе Бојаџиски од ОЈО во Штип, Иван Џолев, претседател на Основниот суд Скопје 1 и Илир Сулејмани, претседател на Основниот суд Скопје 2.

Од судската фела се приклучија претседателот на Здружението на судии Џемаили Саити, Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд, Лидија Димчевска од Апелациониот суд во Скопје, Шефајет Хајдари од Апелациониот суд во Гостивар, Антонио Јолевски од Основното јавно обвинителство во Битола, Ристе Бојаџиски од ОЈО во Штип, Иван Џолев, претседател на Основниот суд Скопје 1 и Илир Сулејмани, претседател на Основниот суд Скопје 2.

Од владата место има за заменик министерот за правда Оливер Ристовски, како и за идниот министер за правда кој допрва ќе биде назначен. 

Членови на ова владино тело се и Александар Тумановски, како претставник на Адвокатската комора, Магдалена Несторовска, како претставник на МВР, Марија Митевска од Министерството за финансии и Џелал Бајрами од Јавното обвинителство.

Заев, како што соопштија од Владата, рекол дека формирањето на Советот е со цел враќање на дигнитетот на правосудствто и обезбедување правда и право согласно очекувањата на граѓаните. На конститутивната седница, бил презентиран нацрт-деловникот за работа на Совето, а за следната недела е закажана нова средба на која ќе треба да се изгласа деловникот, а ќе се разгледуваат и закони кои се во владина или во собраниска процедура.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил