05 Декември, 2025
0.0360

Нова професија – енергетски менаџери

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2013 08:12

Добивај вести на Viber

Секоја компанија која сериозно размислува за својата иднина покрај финансиските, комерцијалните и директорите за развој, треба да вработи и “енергетски“ директор. Консултантите забележуваат дека голем дел од македонските компании не обрнуваат внимение на енергетскиот менаџмент. Енергетската ефикасност е стратегија на една држава, инструмент за мерење на нејзината ефикасност и рационалност во користењето на ресурсите. Во време на скапи енергенси при домашното производство, македонските менаџмент консултанти советуваат дека на ниво на компанија потребно е да се вработат и “енергетски“ директори, кои постојано ќе се грижат како да ја намалат потрошувачката на енергија, а притоа да произведат повеќе, за да бидат и конкурентни на пазарот. “Најважно од се е што голем дел од компаниите не обрнуваат внимение на енергетскиот менаџмент. Треба да има доволно писмени луѓе во компаниите, кои со домаќинско работење ќе ја намамат потрошувачката на енергија за најмалку 15-20%. Потребно е и да се вградат инструменти, да се воочат проблемите и да се задолжи еден или пак, неколку инженери кои ќе управуваат со енергетските системи. Ова го велат токму поради фактот што енергенсите драстично поскапуваат, а енергијата е значајна ставка во производството, а со тоа и во цената на производот“, вели за Фактор менаџмент консултант од земјава. Според експертите, секоја компанија која сериозно размислува за својата иднина покрај финансиските, комерцијалните и директорите за развој, треба да вработи и “енергетски“ директор. “На енергетската ефикасност треба да се гледа како на огромен потенцијал, двигател на стопанството. Таа ќе доведе до отворање и на нови работни места. Енергетската ефикасност не е кампања, таа е длабоко вкорената во светските стопанства и треба да донесе револуционерни промени во економиите“, додаваат експертите. Македонија не е конкурентна економија. За единица производ трошиме дури четири пати повеќе енергија споредено со европските земји. Токму затоа, со примената на енергетската ефикасност, компаниите ќе го задржат квалитетот на производството, но ќе ја намалат потрошувачката. Според анализите, кога зборуваме за применетите мерки за енергетска ефикаснсот, Македонија е под нивото на Европските земји, но и под нивото на Грција, Србија, Хрватска. Менаџментот на секоја компанија мора да биде свесен дека енергетската ефикасност е инвестиција и дека само со разумно користење на енергијата и нејзино штедење, придобивките на компанијата се неколкукратни. Спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност не само што ќе го зголеми профитот на компаните, преку намалување на трошоците за енергија и нивното процентуално учество во крајната цена, туку ќе овозможи истите пари компанијата да ги вложи во поголема промоција на својот производ, во поголема продажба, а со тоа и уште поголем профит. Енергетската ефикасност значи сигурно снабдување со енергија, конкурентна економија и одржлив развој. К.П

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј