Нова работна група ќе ја испитува заразената пченка во Србија
Објавено во: Агробизнис 06 Декември, 2012 19:58
Министерството за земјоделие во Србија формираше работна група која ќе утврди степен на заразеност на овогодишниот род на пченка со алфа-токсин, а јавноста следната недела ќе биде информирана за резултатите од анализите, изјави денеска Дејан Крњаиќ, државен секретар во тоа Министерство.
Тој истакна дека ќе биде контролиран голем број на примероци, како од државните складишта, така и од сите големи производители, а вонредниот мониторинг ќе биде финансиран од буџетот на Србија.
- Сите оние кај кои е утврдена зголемена концентрација со алфа-токсин, ќе мора да спроведат одредени мерки, а државата ригорозно да излезе на крај со сите кои ја загрозиле безбедноста на наслението, изјави Крњаиќ.
Тој додаде дека не е изолиран случај на заразена пченка само во Србија туку со тоа се соочени и држави во регионот поради овогодишната суша.
Србија до следниот октомври ќе загуби 46 милиони евра бидејќи домашната пченка веќе не е посакувана на светските пазари откако во јавноста излезе податок за загаденост на 70 отсто од овогодишниот род.
Во изминатите два месеца Србија извезла 300.000 тони овогодишен род на пченка, а за странски купувачи има уште 200.000 тони, објави Блиц.
- Тешко дека ќе има понатамошен извоз на пченка се до следниот октомври, бидејќи власта со загаденоста на пченката направи негативна реклама за српската пченка, изјави Вукосав Саковиќ, директор на Фондот за жито, наведувајќи дека моментната цена за тон пченка е околу 230 евра.
- Проблем со алфа-токсини имаме, но тие токсини ги има и во пченката во Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија. Не постои ниту една причина да се прави голема паника бидејќи тоа ја отежнува позицијата на државата, вели Саковиќ.
На порталот на ЕU, RASSF може да се види дека Италија одбила пратка српска пченка поради присуство на алфта-токсини, но и дека испораките од други држави како Хрватска, Аргентина, Индија, исто така се алармантни заради присуство на токсини во пченката и нејзини преработки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





