07 Октомври, 2024
0.0269

Нова соработка помеѓу МВР на Република Македонија и МВР на Катар

Објавено во: Македонија 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со неговото височество Шеик Абдулах Бин Насер Бин Халифа Ал-Тани, премиер и министер за внатрешни работи на Државата Катар.

На денешната средба во Доха, Катар, според информациите од МВР,беше разговарано за интензивирање и унапредување на соработката во областа на безбедноста, борбата против тероризмот, борбата против организираниот транснационален криминал, технолошката и техничката соработка и друг  вид на полициска соработка. Потврдувајќи ги своите заложби за идна соработка, на оваа средба се потпиша и Писмо за намера за безбедносна соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Државата Катар. Со Писмото за намера ќе им се овозможи на нашите кадри преку обуки и размена на искуства во различни области да се запознаат со системот за внатрешна безбедност на Државата Катар кој функионира на високо професионално ниво.

„Со цел континуитет во соработката меѓу двете земји, како и имајќи во предвид дека по отворањето на директната авионска линија Скопје-Доха, зголемен е бројот на лица кои се движат од и во Македонија и Катар, како и глобалните безбедносни ризици и предизвици, ова Писмо за намери ќе помогне во зголемување на безбедносната соработка“, истакнуваат од МВР.

За време на посетата планирано е министерот Спасовски да ги посети и Националниот команден центар, Одделот за криминалистички истраги, Центарот за борба против трговија со дрога на Советот за соработка на земјите од Заливот, Националниот комитет за борба против тероризам, а ќе бидат остварени и средби со нивните раководители.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот