02 Декември, 2024
0.0264

Нова субвенција од 2 денари за килограм откупени сливи, за стабилизирање на откупот на сливи

Објавено во: Агробизнис 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Владата на денешната седница донесе одлука за воведување на нова мерка за стабилизирање и решавање на проблемот со откупот на сливи. Конкретно, сите правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи, кои извршиле откуп на сливи од реколтата 2018 година од домашно производство, ќе добијат субвенција од 2 денари по килограм за откупени сливи. Одлука стапува на сила со објавување во Службен весник.

„Оваа нова мерка, ќе го поттикне договорениот откуп на произведената слива од родот 2018-та и ќе ја подобри конкурентноста на домашната преработувачка индустрија. Субвенцијата ќе важи за количините на сливи кои ќе се откупат до 15 септември 2018 година, по откупна цена не пониска од 5 денари за килограм индустриски сливи. Исто така, новата субвенција ќе ја добијат и оние откупувачи кои ќе откупат свежи сливи, со кои што на еден од состаноците што ги одржа тимот од МЗШВ, е договорено откупната цена за оваа слива да не биде пониска од 8 денари за килограм“, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. 

Министерот Николовски посочи дека новата мерка е донесена заеднички со производителите, преработувачите и откупувачите на сливи, на работните состаноци што тимот од МЗШВ изминативе денови ги одржа со сите засегнати страни. При тоа, Николовски додаде дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изминатава година и пол, воведува системски мерки за поттикнување на равојот на земјоделството. „Минатата година за 10 отсто ги зголемивме субвенциите за овошни насади вклучително и за сливите. По овој основ зголемени субвенции добија над 2.500 производители на сливи, за што се исплатија 64 милиони денари.Со годинешната Програмата за директни плаќања, за 20 отсто ја зголемивме  субвенцијата за одржување на овошни насади вклучително и за сливите, за развојната категорија на овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари. Тие ќе добијат 39.600 денари субвенција по хектар. Исто така, во Програмата за оваа година ги зголемивме субвенциите за предадено овошје во преработувачки капацитети од 2 на 3 денари за килограм. Дополнителен поттик за производството и откупот на сливи е новата мерка од 2 денари субвенција за откупувачите која што сега ја воведуваме“, изјави министерот Николовски.

Николовски потенцираше дека ова е прва година во која што се зголеми и поддршката за преработувачките капацитети не само во делот на директните исплати туку и во делот на нивната поддршка преку ИПАРД Програмите.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.