19 Декември, 2025
0.0381

Нова услуга на ЕВН Македонија – „Говорно сандаче“, проверете ја телефонски состојбата на вашата сметка!

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2013 13:13

Добивај вести на Viber

Уште една нова услуга промовире ЕВН Македонија  за своите корисници насловена „Говорно сандаче“. Отсега, корисниците во секое време ќе можат да ја проверат состојбата на сметката за потрошена електрична енергија, и тоа: вкупниот долг кон ЕВН Македонија; износот на последната фактура за електрична енергија и рокот за плаќање на фактурата. Користењето на услугата е едноставно. Се’ што треба корнисникот да направи е да го повика телефонскиот број 089 089 089 и да го внесе бројот на корисник. Понатаму според инструкциите на говорниот автомат брзо и лесно ќе ги добие потребните информации. Бенефитот за корисниците на оваа услуга е повеќекратен. Во случај кога фактурата за електрична енергија не е пристигната на време, доволно e корисникот да го знае нејзиниот износ и бројот на корисник, за да ја плати фактурата во било која банка или пошта. Ако корисникот има случајно заборавена неплатена фактура за електрична енергија, тоа може лесно да го провери преку говорното сандаче без да мора да излезете од дома. Корисниците пак, кои одбрале траен налог или друг начин на авоматско плаќање, во секое време ќе можат да проверат дали долгот редовно се сервисира. ЕВН Македонија постојано работи на подобрување на услугите за своите корисници. Во изминатиов период се промовираше и услугата “E-фактура” со која сметките за електрична енергија може да се добиваат по електронска пошта. Се’ што треба да се направи е да се пополни формуларот  достапен на www.evn.mk и да се испрати потпишан и скениран на efaktura@evn.mk или да се достави во било кој Кориснички енерго центар.    

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии