Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Јули, 2020
Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, и таа е 3 до 6 пати позаразна, покажа новата студија објавена во списанието „Сел“.
Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот.
Во лабораторија се покажа дека е поспособна да зарази човечки клетки од оригиналната форма на коронавирус што се појави во Кина.
Лабораториските експерименти докажаа дека оваа верзија на вирусот има три до шест пати поголема способност да зарази човечка клетка. Научниците од лабораторијата Лос Аламос во Њу Мексико и Универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина се здружија со Универзитетот „Шефилд“ за да анализираат примероци објавени од ГИСАИД, светски извор на секвенци на геноми. Откриле дека сегашната варијанта наречена D614G има мала, но моќна промена во протеинот што се издига од површината на вирусот и дека вирусот ја користи за да ја пробие и зарази човечката клетка. Во светот има над 10 милиони луѓе заразени со коронавирусот. Од земја до земја има големи разлики во однос на бројот на починати и заразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.