16 Декември, 2025
0.0468

Нова Влада во Србија до 1 мај

Објавено во: Балкан 17 Март, 2014 10:26

Добивај вести на Viber

Новата српска Влада ќе биде формирана до 1 мај, најави лидерот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ по убедливата победа на вонредните парламентарни избори во Србија. Иако има апсолутно мнозинство од околу 160 пратеници во новиот српски Парламент, сепак Вучиќ вели дека ќе разговара со сите за можна соработка. Изборот не е голем, со оглед на тоа што освен СНС, изборниот праг за влез во Парламентот го поминаа само Социјалистичката партија на Србија на поранешниот премиер Ивица Дачиќ, Демократската партија на Драган Ѓилас, Новата Демократска партија на Борис Тадиќ и само три листи од малцинствата кои живеат во Србија. На Дачиќ, кој освои околу 50-тина пратеници, се гледа како на можен партнер и во новата српска Влада. Лидерот на социјалистите беше меѓу првите кои отидоа лично во седиштето на СНС да му ја честитаат на Вучиќ изборната победа, но истакна дека уште не разговарале за формирањето на новата Влада. „Дојдов на Александар Вучиќ да му го честитам остварениот историски резултат, а и мојата коалиција оствари историски резултат“, рече Дачиќ. Демократската партија на Ѓилас, пак, не се смета за изгледен коалиционер, со оглед на тоа што целата кампања ја водеше со мотото дека единствено тие нема да коалицираат со „напредњаците“. Тој ги прифати изборните резултати нагласувајќи дека „во Србија сега почнува борбата за демократија“. Во јавноста, неодамнешното формирање на Новата демократска партија се коментираше како резултат на договорот меѓу Вучиќ и Тадиќ за влез на оваа партија во владината коалиција, но и по изборните резултати поранешниот српски претседател ваквите информации најостро ги демантираше. „Немам никаков договор со СНС, а ако нé повикаат, ќе разговараме“, изјави Тадиќ.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството