НОВА ВЛАДИНА МЕРКА: Ќе се субвенционираат каматите за ИПАРД кредити
Објавено во: Агробизнис 17 Декември, 2015 13:11
На денешната прес конференција пред почетокот на годинашниов Агро-бизнис форум министерот Михаил Цветков најави нова владина мерка која ќе ги поддржува ИПАРД проектите.
Имено, Цветков најави дека од следната 2016 година ќе стартува субвенционирање на каматните стапки за ИПАРД кредити.
Целта, како што информираше министерот е да поголемо искористување на средствата од ИПАРД.
Оваа мерка ќе важи за сите корисници на ИПАРД средствата кои имаат потпишано договор со Платежна агенција и ќе важи за сите банки во Македонија, истакна Цветков образложувајќи дека државата ќе субвенционира половина од каматната стапка која не може да биде поголема од осум отсто и за вредност на кредит не поголем од 500.000 илјади евра.
Ширум земјава до 25-ти овој месец же се одржуваат инфо денови каде сите заинтересирани ќе може подобро да се информираат и да ги разберат овие мерки.Во јули годинава Владата соопшти дека ќе субвенционира половина од ратата за кредитите за ИПАРД проектите за оние земјоделци кои беа зафатени од поплавите годинава и поткнуваат од Могила, Новаци и Босилево .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





