05 Декември, 2025
0.0381

Новата ИПАРД 2 мерка стартува денеска

Објавено во: Агробизнис 27 Јануари, 2015 18:43

Добивај вести на Viber

Со 250.000 евра до мај годинава Платежната агенција ќе се подготвува за акредитација за новата ИПАРД 2 мерка – инвестиции во руралната инфраструктура. Станува збор за твининг проект финансиран од ИПА 2010 што официјално почнува денеска, а ќе се спроведува во соработка со словенечката Агенција за земјоделски пазари и рурален развој. - Подобрувањето на руралната инфраструктура е еден од највисоките приоритети на Владата за што придонесува за подобрување на стандардот на земјоделците, на пазарната конкурентност и ефикасност, како и за зголемување на заштитата на животната средина и вработувањето во неразвиените подрачја, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Според него, македонскиот земјоделски рурален сектор се соочува со значајни предизвици во однос на можностите за квалитетно производство, конкуренција на регионалните, европските и меѓународните пазари, подобрувањето на квалитетот на живеењето, како и отворање нови работни места. Оттука, вложувањето во руралната инфраструктура е клучно. - Целта на оваа ИПАРД 2 мерка е да овозможи добра средина за развој на руралната економија преку изградба на селски патишта и улици, управување со водите за пиење и отпадните води, обезбедување со енергија и други активности, подвлече министерот. Околу 80 проценти од територијата на Македонија, додаде, се рурални подрачја, а потенцијални корисници на новата ИПАРД мерка се руралните општини и јавните претпријатија за стопанисување со шумите и пасиштата. Како што истакна евроамбасадорот Аиво Орав, мерката е дизајнирана согласно капацитетите на руралните општини во кои ќе се спроведува. - Дефинитивно постои потреба да бидеме иновативни и прагматични. Капацитетите во руралните области се ограничени и затоа условите за користење на мерката мора да бидат едноставни и остварливи, посочи Орав, потенцирајќи дека паралелно мора да се инвестира и во обучување на општините. И директорот на Платежната агенција Тони Димовски се согласи дека е потребно воспоставување ефикасна административна инфраструктура на локално ниво за што поголемо и поуспешно апсорбирање на европските пари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?