Новата корона мапа покажува каде е најкритично
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Август, 2021
Новата корона мапа покажува каде во Европа е најкритична состојбата со коронавирусот.
И во земји близу Македонија е алармантно. Шпанија, Португалија и Грција, остануваат во голема мера во црвено. Јужниот сосед дневно има над 4.000 заразени. Општо земено, западна Европа е претежно црвена, централна Европа е портокалова, додека источна ЕУ е во голема мера е во зелена. Јадранот и Загреб и централна Хрватска се во портокалова боја. Славонија е целосно зелена.
Црвената боја значи 14-дневна стапка од 75-200, со позитивна стапка поголема од 4 проценти и 14-дневна стапка на заразени од 200 до 500, а темно црвената боја опфаќа области каде што стапката на 14 дена е поголема од 500.
Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ ) секој четврток ја ажурира корона-мапата.
Фото: ECDC
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.