24 Ноември, 2024
0.0296

НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА УСТАВЕН, КАЦАРСКА: Отсега па натаму новинарите ќе можат да ги носат своите мобилни на седниците на судот

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Новата претседателка на Уставен суд, Добрика Кацарска, дала итна наредба на новинарите повеќе да не им биде забрането да ги носат своите мобилни телефони на седниците на Уставниот суд.

Таа ова денеска го потврди за медиумите, објаснувајќи дека и таа била изненадена кога доџзнала дека носењето мобилни на седниците е забрането.

Таа ќе работи максимално на згполемување на транспарентноста на поваа судска институција. 

„Точно е дека Уставниот суд е максимално затвортен и дека во последните години се одеше на негово затворање, наместо да се отвора кон граѓаните. Кога дознав за тоа дека на новинрите им е забрането да влегуваат со мобилни телефони, веднаш дадов налог на генералниот секретар, и веќе е известено обезбедувањето, и од наредната седнива, вие новинарите ќе влегувате слободно со вашите мобилни телефони и ќе можете да ги користите“, рече Кацарска. 

Таа, како што објасни, барала да се информира зошто било досега така.

„Односно да добијам информација дали е донесен некој закон или одлука на Уставниот суд. Но, ме информираа дека такво нешто нема. Туку, едноставно било кажано дека од таа дата, повеќе нема да смеат да влегуваат со мобилните телефони на седница. Тоа е веќе завршено. За се друго, тука сум отворена“, рече денеска Кацарска на своето појавување пред новинарите.

Бара помош новинарите да кажат каде е проблемот со транспарентноста на Уставен суд. 

На првиот колегиум ќе го истакне и прашањето дали треба да биде дозволено снимање од телевизиските камери.

Ќе го разгледа и искуството од други судови. Има, како што рече, и Уставен суд кој е целосно затворен за јавноста.

Ги замоли новинарите за трпение и вети дека Уставниот суд максимално ќе го отвори за јавноста.

Кацарска се надева дека политичарите ќе изберат добри уставни судии. А фактот што сега недостигаат уставни судии, не му пречи на судот. Тој има сега шестмина, а може да функционира и со петмина уставни судии. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје