НОВИ 15.000 ЛУЃЕ БЕЗ РАБОТА: Зошто се зголеми невработеноста?

Објавено во: Економија, Корона Вирус 30 Ноември, 2020
Пандемијата или печалбарите ја зголемија невработеноста? Поделени се мислењата на оваа тема.
Министерот за економија Крешник Бектеши, има поинаков став од министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Вчера Шахпаска изјави дека невработеноста ја зголемиле и печалбари кои поради пандемијата се вратиле во Македонија и се пријавиле како невработени, а министерот за економија вели, не видел такви анализи. Бектеши не верува дека дијаспората ја зголемила невработеноста. Тој посочи на граѓаните кои биле дел од сивата економија и почнале да се пријавуваат како невработени за да користат дел од антикризните мерки.
„Не сум видел такви анализи дека нашите граѓани кои живеат надвор го зголемиле бројот на невработени. Од пандемија во Северна Македонија моментално има невработени некаде околу 15.000 граѓани согласно податоците кои ги имаме од Агенцијата за вработување. Јас немам такви податоци да бидам многу искрен и чесен не сум имал прилика да ја следам изјавата на колешката Шахпаска.“ –изјави Бектеши.
Шахпаска во интервју за Радио Слободна Европа, беше категорична дека и печалбарите ја зголемиле невработеноста.
Можеби ќе ве интересира
Угостителските објекти ќе работат до 21 часот со некои исклучоци

И оваа година субвенции за вградување на погон на ТНГ или метан во возилата

Генерали Инвестментс: Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на стимулативниот пакет

Битиќи: Следната недела ќе видиме дали угостителите ќе работат до 23.00 часот

Џек Ма се појави во јавност по три месеци откако ја искритикува кинеската влада

ДО АПРИЛ ТУРИЗМОТ ЌЕ БИДЕ ВО КОЛАПС: Кога можеме да очекуваме странски гости?

Државата дала шест милиони евра за железничкиот транспорт
