05 Декември, 2025
0.0496

Нови 226 автобуски постојки во Скопје

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2013 14:37

Добивај вести на Viber

Нови 226 автобуски постојки од три типа ќе бидат поставени во Скопје во зависност од фреквенцијата на сообраќај, патници, како и од потребите за рекламни паноа. Автобуските постојки ќе содржат настрешница, клупа за седење, информативна табла и канта за отпадоци. Клупите за седење се наменети за три лица, а ќе бидат изработени од перфориран челик. На задниот дел од автобуските постојки ќе биде поставено сигурносно стакло, 10 милиметри. Покривната површина ќе биде со лексан (поликарбонска плоча) со двострана УВ заштита, оптичка проѕирност со боја на чад. Ќе бидат изработени од фосфатизиран челик со прашкасто бојадисување со металик боја. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски информира дека тендерот за новите 226 автобуски постојки го распиша ЈСП „Скопје“, а финансиска помош ќе добие од Град Скопје. Вредноста на овој проект е околу 60 милони денари. - Првите 50 автобуски постојки ќе бидат поставени во март и април. Ќе бидат поставени од пет до десет автобуски стојалишта во сите општини. До крајот на годината или почетокот на следната ќе бидат изработени останатите автобуски постојки во сите општини во Скопје, рече директорот на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов. Тој посочи дека проблемот со автобуските постојки граѓаните постојано го истакнувале и додаде оти сега ќе може пристојно да се чека автобус. На секоја автобуска постојка ќе биде поставен информативен плакат на кој ќе има возен ред. Идејното решение е тројазично, на македонски, албански и англиски, избрано на конкурсот на ЈСП „Скопје“, а е на младиот дизајнер Александар Јосифовски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност