Добивај вести на Viber
Нови автобуски станици ќе гради Град Скопје, целиот проект ќе чини 1,6 милиони евра.
Според најавите ќе бидат изградени 226 нови автобуски станици од страна на македонската фирма Турбоинжинеринг и се очекува сите станици да бидат готови до крајот на следната година.
Станиците ќе бидат изработени од нерѓосувачки челик во комбинација со стакло. На секоја постојка ќе се постави клупа, корпа за отпадоци и информативна табла на ЈСП.