Нови 24 заразени со коронавирусот, вкупната бројка достигна 201 лице
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Март, 2020
Нови 24 случаи со коронавирус се потврдени денеска. Министерството за здравство информира дека во Скопје има (15), во Куманово (4), во Дебар (2), и по еден случај во Охрид, Штип и во Тетово. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.
За најновата состојба со коронавирусот, министерот за здравство Венко Филипче, ќе одржи прес-конференција во 16 часот
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.